Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.
Миовски со 24 голови во сите натпреварувања втора сезона е ред е најдобар стрелец во редовите на Абердин, а во шкотската Премиер лига е на третото место со 14 првенствени голови.
Македонскиот репрезентативец дојде во Абердин во 2022 година од унгарски МТК за сума од три милиони евра.
Миовски има договор со Абердин до лето 2026 година, но македонскиот напаѓач сè почесто се поврзува со трансфер во поголем клуб во летниот преоден рок.