Фудбал

Миовски: Фаворити сме во групата, но тоа мора да го докажеме на терен

Миовски: Фаворити сме во групата, но тоа мора да го докажеме на терен

Фудбалската репрезентација на Македонија е во Торшавн, каде што в сабота ќе се судри против Фарските Острови во првото коло на Лигата на нациите.

Своите очекувања за стартот на циклусот ги изнесе Бојан Миовски. Новиот напаѓач на Џирона најави дека е многу важно да се тргне со победа на ова гостување.

„Нормално во минатото имавме потешки натпревари, потешки мечеви во квалификациите за кои ние велевме и целта беше да се воигруваме. тој момент е зад нас, сега ни се важни бодовите и да се квалификуваме на едно големо натпреварување. Добивме одлична група во која сме фаворити, а тоа треба да го покажеме на терен. Мислам дека сите сме подготвени од прв до последен за во Фарски Острови да почнеме со три бода. Тоа е битно. Тие се аутсајдер, но мора да ги сфатиме сериозно и да бидеме на висина на задачата од првата минута. Мислам дека трите бода се за нас главна цел. 

Имаме своја стратегија, ќе се обидеме да играме тимски и да стигнеме бргу до водечки гол, бидејќи во спротивни ќе биде тешко за нас. Се надевам нема да биде така и ќе дадеме порано гол, за се да биде полесно на тој меч. Не чувствувам притисок, мотивација ми е да давам голови за клубот и репрезентацијата. Секогаш кога сум на терен давам 100%, а мислам дека головите ќе дојдат. Играм во топ три лиги на светот, тоа е големо достигнување. занете одев чекор по чекор за да се развивам како играч, а чест ми е дека ќе играм во Лигата на шампионите и се надевам бргу ќе се наметнам“, изјави Миовски.

.

To top