Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е стартер во тимот на Џирона на натпреварот против Феенорд во Лигата на шампионите.
За Џирона ова е втор меч во ЛШ, а на претходниот доживеа пораз од ПСЖ (1-0) со гол примен во 90.минута. Миовски на тој натпревар на „Паркот на принцовите“ остана на клупата за резерви.
Миовски го чека првенецот во дресот на Џирона, па можеби ќе го постигне во елитното европско натпреварување
𝐋'𝐎𝐍𝐙𝐄! ❤️🤍#GIRFEY #UCL pic.twitter.com/gQK4eCxJKO
— Girona FC (@GironaFC) October 2, 2024