Фудбалската репрезентација на Македонија има водство од 1-0 по првото полувреме на пријателскиот натпревар што се игра во Анталија. Во судиското продолжение од првиот дел, нашиот национален тим успеа да обезбеди предност преку Бојан Миовски.
Капитенот Енис Барди се одлучи на удар од далечина, голманот на Молдавија ја одби топката, налета Миовски и успеа ја испрати на вистинското место.