Фудбал

Миовски дебитираше во Ла Лига во поразот на Џирона од Атлетико

Миовски дебитираше во Ла Лига во поразот на Џирона од Атлетико

Атлетико Мадрид ја преслуша Џирона и уште во првото полувреме постигна гол за водство преку Гризман, а победата беше запечатена со голови на стартото на второто полувреме, како и во судиското продолжение.

Љоренте беше стрелец на погодокот за 2:0, додека конечните 3:0 ги постави Коке во 94-та минута.

Овој натпревар е важен за македонскиот фудбал поради дебито кое го имаше Бојан Миовски во Ла Лига, но репрезентативецот не доби вистинска топка од своите нови соиграчи во 30-тината минути кои ги мина на теренот.

To top