Баер Леверкузен победи со 3:0 и отиде на плус пет во однос на германскиот шампион, во чии редови очекувано имаше огромно незадоволство по крајот на дербито.Томас Милер доби шанса во вториот дел и не можеше да промени многу нешта на теренот, но како по обичај, тој беше еден од оние фудбалери кои излегоа дадат лице за тимот со изјава пред новинарите.
– Не покажуваме доволно добри симптоми на теренот и мора да признаам дека сум бесен. Ќе го цитирам Оливер Кан: Тоа што ни недостасува на нас играчите во овој момент се мадиња. Немаме мадиња за време на мечот. Покажуваме многу подобри перформанси на тренинзите, но не е и на натпреварите.Во ред е да имате притисок, но друга работа е да немате енергија и слобода во играта. Тоа ни недостасува во овој момент и мора да се погледнеме во очи и да разговараме за тоа. Не се работи само за тренерот, ние имаме играчи кои играат на највисоко интернационално ниво. Мора да истапиме и да покажеме колку вредиме, – изјави Милер.