Фудбал

Милан во преговори со Арсенал за Кивиор

Милан во преговори со Арсенал за Кивиор

Милан започна преговори со Арсенал за потенцијален трансфер на дефанзивецот Јакуб Кивиор. Идејата на италијанскиот клуб е трансферот да се случи во последен момент од зимскиот преоден рок.

23-годишниот Полјак не можеше да се наметне кај „топчиите“, играјќи само четири натпревари како стартер и вкупно 302 минути фудбал.

Откако пристигна од италијанската Специја во 2023 година, Кивиор е трет избор, зад Вилијам Салиба и Габриел во централниот дел од одбраната.

Теми на денот

To top