Италијанскиот фудбалски тим Милан се согласи на сензационална продажба на францускиот бек Тео Хернандез и тоа во Комо, тврда италијанските медиуми.
Според „Газета дело спорт“, тимот предводен од Цеск Фабрегас понудил 40 милиони евра за фудбалерот на Милан, и од тимот биле подготвени да ја прифатат понудата за францускиот репрезентативец.
Сепак, и покрај тоа, самиот фудбалер одбил трансфер во Комо. Инаку Хернандез требало да заработува 7 милиони евра годишно, меѓутоа категорично одбил да оди во новајлијата на Серија „А“.