Фудбал Леао вреди околу 90 милиони евра

Милан подготвен да го пушти Леао за 175 милиони евра

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао е достапен за трансфер за сума од 175 милиони евра, пренесува новинарот Себастиен Денис на социјалната мрежа Х.

Милан подготвен да го пушти Леао за 175 милиони евра

Според Денис, ослободителната клаузула од договорот на Португалецот со миланезите е активна од 5 јули до 15 јули 2028 година.

Самиот Леао би сакал да настапува во Англија или Шпанија. Тој верува дека неговиот циклус во Милан е при крај.

Беше објавено дека ПСЖ го разгледува играчот како опција да го замени напаѓачот Килијан Мбапе, кој би можел да замине во Реал Мадрид.

Дваесет и четиригодишниот Леао игра за Милан од 2019 година. Сезонава одигра 27 натпревари за „Росонерите“, постигна шест гола и имаше седум асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Леао на 90 милиони евра. Неговиот договор со Милан е до летото 2028 година.

To top