Според Денис, ослободителната клаузула од договорот на Португалецот со миланезите е активна од 5 јули до 15 јули 2028 година.
Самиот Леао би сакал да настапува во Англија или Шпанија. Тој верува дека неговиот циклус во Милан е при крај.
Беше објавено дека ПСЖ го разгледува играчот како опција да го замени напаѓачот Килијан Мбапе, кој би можел да замине во Реал Мадрид.
Дваесет и четиригодишниот Леао игра за Милан од 2019 година. Сезонава одигра 27 натпревари за „Росонерите“, постигна шест гола и имаше седум асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Леао на 90 милиони евра. Неговиот договор со Милан е до летото 2028 година.