Фудбал

Милан ја потврди разделбата со Стефано Пиоли

Милан ја потврди разделбата со Стефано Пиоли

Стефано Пиоли нема да биде тренер на Милан следната сезона, откако италијанскиот клуб денеска го потврди тоа со официјално соопштение.

Човекот кој му донесе титула во Серија А на Милан пред две сезони не ги задоволил очекувањата на раководството, па Милан наскоро ќе објави кој ќе го замени.

Пиоли го водеше Милан пет сезони, го извлече најдоброто од играчи како Леао, Ернандес и други, важен успех беше и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите.

To top