Како што стојат работите, Игор Тудор од следната сезона повеќе нема да биде тренер на фудбалерите на Лацио, а управата на клубот ја започна потрагата по неговиот наследник.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека раководството на клубот е заинтересирано да го доведе досегашниот шеф на стручниот штаб на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Состојбата со Тудор треба да се дознае многу брзо, најдоцна во следните два дена, кога и официјално ќе биде објавено неговото заминување.