Фудбал „Сан Сиро“ заминува во историја

Милан добива ултра модерен стадион за 70.000 наивачи

Милан добива ултра модерен стадион за 70.000 наивачи

Поранешниот европски шампион Милан наскоро ќе ја започне преселбата од легендарниот стадион „Сан Сиро“ во нов ултра модерен стадион со капацитет од 70 илјади места, откри раководството на клубот.

Извршниот директор Гери Кардинале во разговор на самитот „Financial Times Business of Football“ изјави дека од новиот стадион нема да профитира само Милан туку и целиот италијански фудбал.

Идејата на Кардинале ја поддржа и легендарниот Швеѓанец со балканско потекло, Златан Ибрахимовиќ кој откако стави крај на играчката кариера во Милан ја врши улогата советник на сопственикот на клубот.

To top