Потрагата на УЕФА по совршената фудбалска топка ќе продолжи на Европското првенство во Германија (14 јуни – 14 јули 2024 година), каде ќе се играат натпревари со ново технолошко чудо.
Микрочип вграден во топките ќе помогне да се одлучи дали фудбалерите играле со раце пред голот и дали биле во офсајд.
Производителот на топката има вградено во него технологија која ќе го снима секое движење на топката и ќе помогне во донесувањето на ВАР одлуките.
Сè би требало да функционира така што микрочипот во топката ќе работи во комбинација со технологија која ќе ги следи екстремитетите на играчот, а потоа ќе создаде 3Д слика што ќе создаде слика за ВАР и ќе ја означи точната точка на контакт помеѓу топката и телото на играчот.