Фудбалските тимови на Арсенал и Реал Сосиедад постигнаа договор за трансфер на Микел Мерино и во текот на наредната недела трансферот треба да биде комплетиран.
Актуелниот договор на Мерино со Сосиедад истекуваше во јуни 2025 година. Реал Сосиедад прифати понуда 30 милиони евра од Арсенал за Мерино, со цел да не го загуби играчот како слободен следното лето.