Фудбал

Микел Артета ќе потпише нов договор со Арсенал

Микел Артета ќе потпише нов договор со Арсенал

Англискиот фудбалски тим Арсенал и тренерот Микел Артета постигнаа договор за продолжение на соработката која истекува оваа лето.

Шпанскиот стратег со својата добра работа од 2019 досега практично го препороди Арсенал.

Арсенал и Шпанецот си подадоа рака за нов договор во важност до летото 2027 година. Практично сè беше договорено уште во мај, меѓутоа двете страни се договорија да го одложат потписот до после преодниот рок.

Според моменталниот договор Артета заработуваше околу 10 милиони евра, додека по новиот би требало да добива двојно повеќе.

To top