Фудбал

Михал Пинтер пристигна во ФК Вардар

Михал Пинтер пристигна во ФК Вардар

По само неколку дена откако го напушти Шкупи искусниот словачки фудбалер Михал Пинтер веќе најде нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Вардар.

Некогашниот македонски шампион, кој оваа сезона е во многу тешка позиција на табелата, започна да го засилува својот ростер, а прво ново име во таборот на „црвено-црните“ е 30-годишниот стопер.

„30-годишниот словачки интернационалец игра на централната дефанзивна позиција и доаѓа од екипата на Шкупи каде има одиграно 42 натпревари во ПМФЛ. Бил дел од сите младински селекции на репрезентацијата на Словачка“, пишува во објавата на Вардар.

To top