Капитенот на фудбалскиот клуб Вардар Дарко Мицевски дека Вардар оваа сезона има за цел да излезе во Европа и секој бод ќе му биде важен на секој натпревар.
„Вардар – Шкупи е едно од поголемите дербија во Македонија. По поразот од Брера, имавме уште потежок меч со Пелистер дома и психолошки имавме доста тежок момент, затоа што моравме да победиме во тој меч и на крајот успеавме. По тие три бода, екипата како на психолошки така и на физички план е подигната. Ни се случи тренерската смена, не е ништо ново во фудбалот, нема да биде ниту прва ниту последна. Ние сме професионалци, нам ни останува да работиме напорно и да се подготвиме за мечот. Од нас се очекува излез во Европа оваа година, така што мора да освојуваме бодови на секој натпревар. Ќе направиме добра анализа и ќе се обидеме на Чаир да ги надополниме сите недостатоци, па да донесеме бодови на нашето конто“, изјави Мицевски.
Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар се игра во недела од 16 часот, а ќе го суди Александар Ставрев.