Фудбал

Менаџерот на Брајтон е најдобриот тренер во Премиер лигата за месец август

Менаџерот на Брајтон е најдобриот тренер во Премиер лигата за месец август

Брајтон одлучи да го замени Роберто Де Зерби со Фабијан Хурцелер 31-годишен стратег роден во Хјустон со германско потекло, кој го тренираше Сент Паули.

Сепак, само еден месец од стартот на сезоната изгледа дека „галебите” направиле вистински потег, бидејќи Хурцелер е прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата за месец август.

Тој со Брајтон освои седум бода во првите три кола каде Хурцелер го водеше својот тим до победи против Евертон и Манчестер Јунајтед, додека на „Емирати“ ремизираше против Арсенал.

To top