Фудбал

Мемфис Депај потпиша за Коринтијанс

Мемфис Депај потпиша за Коринтијанс

Холандскиот фудбалски репрезентативец Мемфис Депај официјално му се приклучи на бразилскиот Коринтијанс како слободен играч.

30-годишниот офанзивец потпиша договор до 2026 година, а според информациите за тој период ќе заработи 11,3 милиони евра. Депај пристигна на слободен трансфер од Атлетико Мадрид, а претходно играше за ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед, Лион и за Барселона.

Минатата сезона постигна девет гола на 31 натпревар за Атлетико Мадрид.

To top