Фудбал euro 2024

Медиумите од Германија јавуваат дека Облак беснеел во соблекувални на своите

Србија успеа да се избори за реми резултат против Словенија во последните секунди од мечот во второто коло од групната фаза.

Медиумите од Германија јавуваат дека Облак беснеел во соблекувални на своите

Србија успеа да се избори за реми резултат против Словенија во последните секунди од мечот во второто коло од групната фаза.

Овој бод практично ги остава со надеж дека ќе изборат во последното коло и следна фаза, а ќе мора да поминат добро со Данска, која им е директен ривал за следната фаза.

Натпреварот го одбележа Лука Јовиќ, кој неколку секунди пред крајот на мечот, погоди со глава и ја спаси честа на соседите, а со тоа им ги сочува и шансите за осминафинале.

Во спротивен правец, кај ривалот на Србија, видно незадоволство по испуштањето на историската победа која ќе ги ставеше во доста добра позиција, па по мечот Јан Облак го истакна своето незадоволство.

– Моралот падна на најниско ниво, испуштивме победа. Разбирливо е дека одигравме добар меч, само во поедини сегменти не бевме добри. Ова боли, испуштивме победа во самиот финиш, во последната секунда, но тоа е фудбалот. Овој спорт се игра до последната секунда, не успеавме, но повторувам, нема причина да очајуваме сега. Верувам дека последниот натпревар ќе го одиграме уште подобро од овој, порача Јан Облак.

Поедини медиуми јавуваат дека Облак буквално грмел на своите соиграчи од репрезентацијата поради падот на концентрација во финишот и наводно беснеел во соблекувалната по натпреварот.

To top