Дербито помеѓу Леванте и Виљареал, кое требаше да се одигра денеска (недела) во рамките на шпанската Ла Лига, е официјално одложено.
Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ја донесе одлуката поради сериозното предупредување за екстремно лоши временски услови долж источниот брег на земјата.
Натпреварот беше закажан за 18:30 часот, но поради прогласениот Црвен Аларм за обилни врнежи од страна на шпанската метеоролошка агенција, судијата за натпреварувања при шпанската фудбалска феддерација одлучи да го суспендира мечот.