Фудбал

Мбапе: Сакавме европска титула, но наидовме на подобар ривал

Мбапе: Сакавме европска титула, но наидовме на подобар ривал

Капитенот на фудбалската репрезентација на Франција, Килијан Мбапе, пред новинарите изјави дека Шпанија заслужено триумфираше.

„Шпанија заслужи да се пласира во финалето. Во мечот не бевме доволно добри. Сакавме да станеме европски шампиони, но најидовме на подобар ривал. Мислам дека добро почнавме, но во продолжението израмнувачкиот гол ни нанесе голема штета. Сега ќе земам малку одмор, па се подготвувам за следната сезона“, изјави Мбапе.

To top