Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е изоставен од составот на „Лос Бланкос“ за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите на УЕФА против Бенфика.
Претходно беше објавено дека 27-годишниот Французин бил принуден да го напушти вчерашниот тренинг на тимот поради болки во коленото, кое го повреди во декември.
Мбапе има проблеми со коленото по трет пат оваа зима. Во најлош случај, француската ѕвезда би можела да го пропушти Светското првенство во 2026 година.
Реал Мадрид и Бенфика ќе се сретнат во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите. Натпреварот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, е закажан за вечер со почеток во 21 часот.
На првиот меч во Лисабон, Реал Мадрид победи со 1:0.