Килијан Мбапе се обврза пред Пари Сен-Жермен дека ќе ја објави одлуката за својата иднина во рок од неколку дена.
Напаѓачот ќе избира помеѓу останување во неговиот сегашен клуб и преселба во Реал Мадрид, каде што е на радар веќе неколку години.
Според „Ас“, Французинот ќе го објави својот конечен избор за најмногу една или две недели. Изданието тврди дека парижаните се уште не му дале понуда за нов договор бидејќи прво сакаат тој да каже дали сака да остане дел од проектот. Доколку одговорот е позитивен, тогаш ќе започнат преговорите за условите на новиот договор.
Реал одамна ја достави својата понуда и му објасни на Мбапе дека не може да се надева дека ќе добие повеќе од 30 милиони евра бруто по сезона.
Раководството на ПСЖ верува дека тие веќе направиле се што е можно за да го усреќат Мбапе со тоа што Меси и Нејмар повеќе не се во тимот и тој е апсолутен центар околу кој се гради проектот, а дури и напаѓачот има улога во прашањата од спортско техничка природа.
Мбапе нема да има баш таков статус во Реал, бидејќи клубот веќе го има Џад Белингем, како и се повлијателниот Винисиус Жуниор, кои се срцето на тимот на Карло Анчелоти.