Правниот оддел на француските професионални лиги, денес одлучи дека ПСЖ мора да му исплати на Килијан Мбапе сума од 55 милиони евра. Фудбалерот на Реал Мадрид го обвини својот поранешен клуб дека не му го исплатил договорот во целост и најави правна разрешница на случајот.
ПСЖ тогаш одбиваше да му ги исплати средствата на Мбапе, велејќи дека тој усно се откажал од тие пари, бидејќи си заминувал од клубот како слободен фудбалер. Сега „светците“ имаат рок од осум дена да му ги исплатат заостанатите плати на Мбапе, во спротивно може да се соочат со санкции, одземање на бодови, па дури и суспензија од француското првенство.
Килијан Мбапе шест години беше дел од ПСЖ и одигра 308 натпревари, на кои постигна 256 голови, пред да се пресели во Реал Мадрид летово како слободен фудбалер.