Фудбал

Мбапе фудбалер на месецот на Реал

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е избран за играч на месецот на Реал Мадрид во септемвриското гласање на навивачите на Кралскиот клуб.

Мбапе фудбалер на месецот на Реал

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е избран за играч на месецот на Реал Мадрид во септемвриското гласање на навивачите на Кралскиот клуб.

-Многу сум среќен, сакам да им се заблагодарам на сите навивачи на Реал Мадрид, задоволство е што сум избран за играч на месецот, изјави францускиот напаѓач на шпански јазик во краткото видео објавено на веб-страницата на Реал.

-Најважно е што во текот на овој месец (септември) победивме на многу натпревари и се надевам дека ќе продолжиме така, додаде Мбапе, кој во септември постигна шест голови на пет натпревари за својот клуб.

-Имаме три многу важни натпревари следната недела и сакаме да ги победиме сите три. Тимот и јас сме подготвени и се надевам дека ќе го дадеме најдоброто за цел Мадрид, додаде тој.

Реал Мадрид игра на гости против Селта Виго во шпанското првенство в сабота, а потоа ја пречекува Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони во вторник пред Ел Класико со Барселона на Сантијаго Бернабеу на 27 октомври.

To top