Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ наскоро би можел да го напушти тимот на Манчестер Сити, а негова следна дестинација е Вест Хем.
Последните неколку натпревари Ковачиќ не е во комбинација кај Пеп Гвардиола и има само два одиграно само натпревара.
Клубот од Лондон, Вест Хем кој се бори за опстанок е подготвен за ангажирање на Ковачиќ, особено што се споменува како замена за Лукас Пакета, кој е пред заминување во Челзи или Фламенго.
Ковачиќ со своето искуство и настапите претходно во Челзи и Реал Мадрид и со 31 година уште може да претставува екстра засилување за екипа од Премиер лигата.