Фудбал

Масар Омерагиќ и официјално стана кандидат за нов претседател на ФФМ

Масар Омерагиќ и официјално стана кандидат за нов претседател на ФФМ

Општинскиот фудбалски сојуз Свети Николе едногласно го предложи Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Наскоро ќе се случи промена на чело на ФФМ откако актуелниот претседател Муамед Сејдини најави повлекување од функцијата.

Како прв фаворит за негов наследник се истакнува Масар Омерагиќ кој има и официјална кандидатура.

ОФС Свети Николе денеска одржа вонредно годишно собрание на кое едногласно со 16 гласа ЗА го предложи Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ.

To top