Фудбал

Мартинез: Не барам перфектна игра, туку посветеност на мечот со Франција

Мартинез: Не барам перфектна игра, туку посветеност на мечот со Франција

Селекторот на португалската репрезентација, Роберто Мартинез, очекува одличен четвртфинален натпревар против Франција на Европското првенство и изјави дека публиката би требало да ужива во врвен фудбал од двете селекции.

„Сите сакаме да играме убав фудбал, допадлив за око. Знам дека навивачите очекуваат од нас доминантна игра и многу голови, но работите не се одвиваат секогаш како што планираме. Франција ќе ни создаде многу проблеми, но и ние ним. Не барам перфектна игра, туку само максимална посветеност на секој дел од теренот.

Публиката се подготвува за мечот кој би требало да биде фудбалски спектакл. Ова е фазата кога паѓаат маските. Европското пренство е големата сцена и тука морате секогаш да го покажете најдоброто од вас. Се надевам дека ќе одиграме добар меч и на крајот сите заедно ќе се радуваме“, изјави Мартинез.

Мечот Португалија и Франција е закажан за денес со почеток во 21:00 часот.

To top