Брази Марсело неодамна го раскина договорот со Фламиненсе, но иако има 36 години не размислува да ја заврши кариерата.
Бразилецот кариерата би можел да ја продолжи во Европа и тоа повторно во шпанската Ла Лига. Според последните информации, Марсело има понуда од тимот на Леганес.
Од Реал Мадрид, Марсело си замина летото 2022 година, а потоа настапуваше за Олимпијакос, додека дресот на Флуминенсе го носеше од минатата година.
Марсело многу работи го поврзуваат со Шпанија и во овој момент неговиот син живее во Мадрид каде што настапува за младинските категории на Реал Мадрид. Леганес е тим од предградието на Мадрид, па тоа сигурно и тоа како му одговара.
Првите фудбалски чекори, Марсело ги направи во Фламиненсе, а за Реа лиграше од 2007 до 2022 година и во тој период освои се што можеше да се освои.