Некогашниот бразилски репрезентативец Марсело е слободен играч откако искусниот 36-годишен бек доби раскин на договорот од тимот на Флуминесе.
Причина за раскин на договорот е конфликтот кој Марсело го имаше со тренерот Мано Менезес на мечот против Гремио што заврши 2:2.
Марсело се подготвуваше да влезе во игра во 90 минута, кога тренерот Менезес му објаснуваше нешто на играчот, но потоа стратегот се налути.
Според една верзија, Марсело му порачал на тренерот да „не го допира“, а втората верзија е дека Марсело не сакал да исполни некоја од тактичките замисли на стратегот.
Без разлика која верзија за конфликтот е точна, Марсело наместо на теренот, веднаш беше вратен на клупата за резерви, а подоцна беше посочен како главен виновник за конфликтот.
Челниците на Флуминесе веднаш реагираа и решија да го раскинат договорот со легендарниот Бразилец кој има освоено дури 29 трофеи во кариерата.