Фудбал

Марио Илиевски нов повикан фудбалер во нападот на сениорите

Марио Илиевски нов повикан фудбалер во нападот на сениорите

Македонската фудбалска репрезентација по повредите на двајцата напаѓачи Милан Ристовски и Александар Трајковски доби нов напаѓач во тимот, а тоа е младиот Марио Илиевски кој за првпат ќе игра меѓу сениорите кој ќе дебитира во националниот тим.

Во моментов, Илиевски е член на бугарскиот тим ЦСКА Софија за која оваа сезона настапи на осум меча и даде два гола со уште една асистенција.

Марио Илиевски ќе му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски во Торшавн на мечот против Фарски Острови, а потоа ќе конкурира за настап и против Ерменија во Скопје.

Дуелот меѓу Фарски Острови и Македонија се игра на 7 септември, додека мечот Македонија – Ерменија е закажан на 10 септември во Скопје.

To top