Фудбал ффм

Манев: Кога се игра против репрезентации како Хрватска мотивацијата е на највисоко ниво

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове).

Дефанзивецот на Македонија, Јован Манев пред овие два натпревари вели дека мотивацијата во тимот е на највисоко ниво.

„Среќен сум што сум заедно со соиграчите и стручниот штаб. Кога се игра против репрезентации како што се Хрватска или Чешка, селекции кои се подготвуваат за Европското првенство, мотивацијата е на највисоко ниво. Се надевам дека ќе бидат одлични тест натпревари за нас како подготовка за предизвиците кои не очекуваат во септември. Кога се игра за репрезентација не постои штедење, фокусот е присутен постојано и во деновите кога сме на собир, друга побитна работа нема. Сите тука сме со една цел, да постигнеме добар резултат“, изјави Манев.

To top