Манчестер Сити официјално го потпиша Савињо кој доаѓа од редовите на Троја.
Савињо последната сезона одигра одлично како позајмен играч во редовите на Џирона и му помогна на шпанскиот тим да обезбеди место во Лигата на шампионите, а сега е подготвен за уште поголем предизвик.
20-годишниот крилен напаѓач кој е познат и како Савио, ќе го чини Сити 40 милиони евра, а раководството на англискиот шампион немаше посериозни проблеми да го обезбеди неговиот потпис ако се знае дека и Троја и Џирона се дел од групацијата која е под контрола на сопствениците на Манчестер Сити.