Фудбал

Манчестер Сити без Родри до крајот на сезоната

Манчестер Сити без Родри до крајот на сезоната

Фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентативец на Шпанија, Родри би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради сериозна повреда на коленото здобиена за време на неделниот дуел од Премиер лигата против Арсенал.

Според шпанскиот спортски весник Марка и американскиот ЕСПН, Родриго ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено.

Родри досега важеше за главен фаворит за освојување на овогодишната „Златна топка“ поради неговата улога во играта на Манчестер Сити, кој минатата сезона ја освои четвртата последователна титула англиски шампион, но и на шпанската репрезентација со која стана европски првак ова лето и беше прогласен и за најдобар играч на ЕВРО 2024.

To top