Манчестер Јунајтед влезе во трка за потписот на шпанскиот репрезентативец, Дани Олмо. Неодамна на пријателскиот натпревар со Бразил во Мадрид, поранешниот ас на Динамо Загреб постигна гол во меч кој заврши без победник (3-3).
Иако во јуни минатата година потпиша договор со РБ Лајпциг до летото 2027 година, тоа не значи дека ќе остане таму.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.