Во обид да го засили средниот ред, менаџментот и стручниот штаб на Манчстер Јунајтед ги разгледуваат сите опции кои им се достапни, а изборот, како што тврдат во Шпанија, паднал на фудбалерот на Сосиедад.
Станува збор за младиот Лука Сучиќ за кого баскискиот клуб летоска плати 10 милиони евра, но за само една година може да заработи четири пати повеќе. Многумина го споредуваат Сучиќ со неговиот сонародник
Лука Модриќ, а со оглед на тоа што има само 22 години, јасно е дека му претстои светла иднина.