Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ги одреди термините за воведното коло на вториот дел од сезоната во домашното првенство кое ќе продолжи на 10 февруари.
Првото коло од пролетниот дел на сезоната ќе биде отворен со дуелите Шкупи – Тиквеш и Шкендија – Струга.
Ден подоцна, ќе играат Вардар – Арсими и Силекс – Башкими, додека 17. прволигашко коло ќе го комплетираат дуелите на 12. февруари меѓу Брера Струмица – Македонија ЃП и Пелистер – Работнички.
Почетокот на сите натпревари е закажан во терминот од 14:00 часот.
Пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар е лидер на табелата со 42. бода, еден од повеќе од Струга на второто, а шест повеќе од Шкендија на третото место.