Играчите предводени од Кирил Лазаров во Фудбалскиот центар во Стара Пазова одиграа три полувремиња од по 30 минути и триумфираа со вкупен резултат 85:44.
После 60 минути игра Македонија беше подобра со 55:28 (27:11).
Според најавите нашите најдобри ракометари во Србија ќе тестираат и против Динамо Панчево и Саудиска Арабија.
Потсетување дека ривали на Мундијалот ни се селекциите на Унгарија (15 јануари), Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари).