Македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше првиот собир пред престојните два пријателски натпревари против селекциите на Хрватска и Чешка.
За жал од повиканите Милевски на располагање нема да го има капитенот Енис Барди кој заработи повреда на последниот натпревар за Трабзонспор.
Останатите повикани се одзваа на повикот и пристигнаа во базата пред заминувањето за Хрватска.
Првиот од двата пријателски меча Македонија го игра во Ријека против Хрватите на 1. јуни, додека вториот против Чешка се игра на 10. во Храдец Краловец.