Фудбалската репрезентација на Македонија ги одработува последните подготовки пред заминувањето за Хрватска каде ќе го игра првиот од двата пријателски натпревари во јунскиот прозорец.
Избраниците на Благоја Милевски ќе се соочат со Хрватите во Ријека, а во Скопје финишираат со тренинзите и анализите. Нашиот тим е комплетен, го нема само Енис Барди кој ќе го пропушти овој прозорец поради повреда.
Двата пријателски меча во јуни се против Хрватска и Чешка, а Македонија ќе ги игра на гостински терен. Првиот е на 3 јуни закажан во Ријека, додека вториот е на 10 јуни во Храдец Кралове.