Фудбал

Македонија ги доби ривалите во првата фаза за ЕП 2028 во футсал

Македонија ги доби ривалите во првата фаза за ЕП 2028 во футсал

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги извлече групите за првата фаза од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2028 година.

Првата фаза ќе се игра од 6 до 15 април 2026, а Македонија се најде во Групата Ц заедно со селекциите на Литванија, Турција и Бугарија.

Група А: Данска, Андора, Малта, Шкотска

Група Б: Шведска, Англија, Швајцарија, Северна Ирска

Група Ц: Македонија, Литванија, Турција, Бугарија

Група Д: Косово, Црна Гора, Австрија, Гибралтар

Група Е: Латвија, Албанија, Кипар, Сан Марино

Група Ф: Грција, Норвешка, Израел, Естонија

Победниците и второпласираните од секоја група ќе се квалификуваат во главната рунда квалификации, каде чекаат главните европски селекции во футсалот.

To top