Фудбал

Лукаку и Де Брујнe одбија да играат за националниот тим на Белгија

Лукаку и Де Брујнe одбија да играат за националниот тим на Белгија

Белгиските медиуми пишуваат за голем шок во репрезентацијата. Иако добија покани за претстојните натпревари од Лигата на нации против Италија и Франција, двете најголеми ѕвезди ја одбија поканата.

Станува збор за Ромелу Лукаку, најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата и Кевин де Брујнe. Лукаку не беше во тимот ниту во последниот циклус, кога од здружението побара лично време за да го реши трансферот во Наполи.

Де Брујнe пред две недели се здоби со полесна повреда, па тоа е официјалната причина за неговото одбивање, но се повеќе локални медиуми пишуваат дека се подготвуваат нови пензионирања од златната генерација на белгискиот фудбал.

To top