Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ ја прифати понудата на Милан и од следната сезона ќе го носи дресот на „росонерите“, пренесува реномираниот италијански весник „Ла Република“.
Според истите извори, 39-годишниот плејмејкер се договорил за едногодишен договор, а остануваат уште неколку административни детали пред трансферот да биде официјално објавен.
Модриќ неодамна ја потврди својата заминување од Реал Мадрид, клубот каде што помина 12 сезони, освои пет титули од Лигата на шампионите и се запиша во историјата како еден од најдобрите играчи на „кралскиот клуб“.
Реал му приреди емотивно збогување на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на Светското клупско првенство.