Фудбал

Луис Енрике заминува од ПСЖ

Луис Енрике заминува од ПСЖ

Шпанскиот стратег Луис Енрике размислува за заминување од Пари Сен Жермен по завршувањето на актуелната сезона, и покрај тоа што со клубот оствари историски успеси.

Според пишувањето на германскиот Bild, Енрике не планира да го продолжи договорот што му истекува во јуни, бидејќи во својата кариера бара нови предизвици, пренесува Marca.

Главната причина лежи во желбата за нов професионален исчекор.

Со оглед на тоа што кон крајот на јуни би станал слободен тренер, Енрике би можел да стане исклучително атрактивен кандидат за водечките светски репрезентации кои по Светското првенство ќе бараат селектор за нов циклус.

To top