Фудбал

Луис Енрике потврди дека Мбапе ќе си оди од ПСЖ

Луис Енрике потврди дека Мбапе ќе си оди од ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике најаци дека е можна претстојната разделба со големата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе.

Енрике ова го изјави по ремито 1-1 на парижаните против Рен, откако го замени Мбапе со Гонсало Рамош во 65. минута.

Како одговор на ова, Енрике сподели дека во одреден момент сите во францускиот шампион ќе треба да прифатат дека еден ден ќе играат без најдобриот фудбалер.

Сето ова се случува во време кога се погласни се гласините за преселба на Мбапе во шпанскиот гигант Реал Мадрид.

„Порано или подоцна ќе мора да прифатиме дека ќе играме без него. Кога ќе мислам дека е соодветно, тој ќе игра, во спротивно нема да игра, како што прават сите тренери со своите играчи. Сакам максимална конкурентност. Сакам секој кој е стартер во ПСЖ да го искористи тоа на најдобар можен начин. Тоа е она што го барам оваа, но ќе го барам и следната сезона од фудбалерите“, изјави Луис Енрике.

To top