Фудбал

Луис Енрике потпиша нов договор со ПСЖ

Луис Енрике потпиша нов договор со ПСЖ

Шпанскиот стратег Луис Енрике потпиша нов договор со Пари Сен Жермен. Според објавата на новинарот Фабрицио Романо, новиот договор ќе трае до јуни 2027 година.

Актуелниот договор на Шпанецот истекуваше во летото 2025 година, што значи дека засега Енрике го продолжува престојот за уште две години.

Според француските изданија, планот на Енрике со ПСЖ е долгорочен, бидејќи тој има за цел да изгради тим кој одговара на неговите сопствени идеи.

To top