Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике вели е задоволен што неговиот тим помина во полуфиналето и покрај тешкиот меч на Вила Парк.
ПСЖ добро се испоти за да ја задржи позитивата од Париз. На почетокот дадоа два гола и се чинеше дека лесно ќе го заверат местото меѓу четирите најдобри, но потоа Вила погоди трипати и го доведе францускиот тим во опасност.
„Горд сум на мојот тим. Мислам дека го имам најдобриот тим во светот“, рече Луис Енрике по мечот.
ПСЖ во полуфиналето ќе игра со победникот од двомечот меѓу Реал Мадрид и Арсенал. Енрике не преферира одреден противник, вели дека вечерва ќе ужива во натпреварите.
„Немам преференции за полуфиналето. Вечерва ќе уживам во двата натпревари со вечера и пиво. Кој и да ни се падне во полуфиналето, тоа ќе бидат посебни мечеви“.