Сведоци сме на многу луди приказни во светот на фудбалот. Особено кога суеверието е во прашање. Сите се сеќаваат на поранешниот селектор на Франција, Рајмон Доменек, кој ги избра стартните 11 според хороскопот?! Нешто слично направи и Фил Фоден.
Ѕвездата на англиската репрезентација и официјално најдобар играч на Премиер лигата минатата сезона посетил гатач со сопругата Ребека?!
Како што пренесува The Sun, неколку дена пред почетокот на Европското првенство во Германија, фудбалерот на Манчестер Сити ја ангажирал јасновидката Клои Смит, која му „прочитала“ во тарот карти.
Имено, Клои во изјава за англиските медиуми истакна дека ужива во читањето за „многу духовните“ Фил и Ребека.
– Фил беше исто толку заинтересиран како Ребека да го заврши читањето тарот, особено за претстојниот голем турнир. Да се надеваме дека Клои му рекла „фудбалот се враќа дома“! Фоден е многу поврзан со своите чувства и сакаше да види дали Клои може да му даде некаков увид во иднината – изјави извор близок до играчот на Манчестер Сити.
Интересно, Фил Фоден бил толку импресиониран од Клои што на своите следбеници на Инстаграм им понудил попуст на нејзините услуги?!
Навистина неверојатна приказна….